Категории

Од љубов се живее, од пари се преживува

Што ако всушност ве излажале дека од љубов не се живее? Сум видел многу повеќе љубов во станови од 30 квадрати и болнички кревети отколку во палати.

Што ако ве излажале дека со тек на време поминува, дека еден ден ќе ја заборавиш? Ниедна наша млада рака не ја држи толку цврсто онаа другата како што се држат две старечки раце.
Што ако ве излажале дека треба да си најдете рамен на себеси? Како може да е тоа мерило на вашиот живот? Што ако ве излажале дека љубовта мора да ја носи вашата нација и вера? Во весниците и приказните можеби е така, но во реалноста имало многу повеќе љубов и среќа кај таквите.

Да, ве излажале дека морате да бидете во брак до 25-тата, 35-тата,40-тата.. затоа што е веќе вистина крајно време. Но јас сум чист пример дека љубовта може да се пронајде и во 50-тата. Ја гледам пред мене и ми притрчува во прегратка како девојка од 15 години.

Сето ова време ве лажеле. Се обидувале да ве уверат дека љубовта е нешто што постоело некогаш а сега веќе си заминало кога „сиромаштијата почукала на врата“, „пристигнале децата“ , „почнале да се трупаат долгови“, „пристигнала болеста“.
Само лаги.
Држете ја својата љубов цврсто, со рацете, со нозете, со ноктите. Затоа што таа престанува само тогаш кога вие ќе се откажите од неа, кога ќе престанете да верувате. Не дозволувајте да ве лажат, да ви кажуваат кому да му ја дадете својата љубов.

Што ќе ти е плата од шест цифри ако на крајот од денот влезеш во празна куќа и кеси полни со најнова гардероба која нема кој да ја соблече. Што ќе ти се да ги поседуваш и сите пари на овој свет, ако немаш со кого да ги поделиш, затоа што од љубов не се живее.
Не! Со пари само се преживува.