Категории

Од љубовта се живее. Од парите се преживува…

Што ако ве излажале дека од љубовта не се живее? Мене мајка ми еднаш ми кажа дека од љубовта се живее, а од парите се преживува. Јас и верувам. Затоа што никаде не сум видела толку љубов како во становите од 30 квадрати и болничките кревети.

Што ако ве излажале дека со тек на време престанува, дека ќе и се смееш еден ден и ќе ја заборавиш? Ниедна наша млада рака не држи цврсто како онаа другата која држи две старечки.

Што ако ве излажале дека треба да најдете некој еднаков на себе? Мене не успеале да ме излажат такво нешто, бидејќи никогаш не сум видела толку пркос и борба, како во љубовта на оние кои соседите и стрините ја осудувале гледајќи и коментирајќи од прозор.

Како да се тие мерило на вашиот живот. Што ако ве излажале дека љубовта мора да носи ваша нација и вера? Јас на свои очи сум ги гледала оние најголеми љубовни приказни, најубави деца, најмногу откажувања и жртви токму кај нив. И да, тие се среќни. Далеку од сите кои се откажале од нивната љубов.

Што ако ве излажале дека морате до 25-тата? До 35-тата? До 40-тата, бидејќи е крајно време? Мене не успеаја, бидејќи никој така реално и вистински не ми зборувал за љубовта која ја пронашла во своите 50-ти. И сега му трча во прегратка како девојче од 15 години.

Што ако ве лажат цело ова време? Што ако се обидуваат цело време да ве уверат дека љубовта е она што ти некогаш го имале и веќе го немаат затоа што престанува „кога сиромаштијата доаѓа на врата“, кога доаѓаат децата“, „кога треба да се врати кредит“, „кога ќе го изобличи болеста“, „кога веќе не може да спие со тебе три пати дневно“.

Не ми верувајте ни мене. Верувајте си само себе. Држете ја својата љубов цврсто: со раце, нозе, нокти. Бидејќи таа нема да престане, туку ќе зајакне, баш кога ќе дојдат децата. Баш кога сиромаштијата ќе дојде на врата. Баш кога ќе треба да го враќате кредитот. Баш кога тој ќе биде болен. Баш кога нема да може да спие со тебе три пати на ден.

И можеби не сте сите направени од љубов, но правете нови деца од љубов. Или не ги правете воопшто. На некои љубовни приказни та не им е потребно. Само не дозволувајте да ве лажат. Други ни се мешаат во платата, школувањето, работата, здравјето, облекувањето прехраната. Но, својата љубов не ја даајте никому. Бидејќи е тоа најголемото достигнување во животот.

Залудна е платата од десет илјади евра ако на крајот од денот влегуваш во празен стан со кеси од најнова облека која нема кој да ја соблече. И сите пари на овој свет, ако немаш со кого да ги поделиш. Бидејќи, од љубовта се живее. Од парите се преживува и со парите се изживува.“

Марина Радош