Категории

Од Сан Франциско доаѓа во Скопје за да ја раскаже успешната приказна на Imgur, како од студентски сајт направил милиони

Во среда, 2 ноември во 7 часот, Алан Шаф, основач и извршен директор на „IMGUR, ќе има свој говор на настанот “The Talk, кој ќе се оддржи во Сити Хол, Скопје. Настанот е организиран од Сеавус Инкубатор и претставува дел од пред-акцелераторската програма за стартапи и претприемачи поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус.

„IMGUR“, чиј основач е Алан Шаф, е најпопуларната заедница за споделување и хостирање на слики.

Алан Шаф ќе говори за патот кој го изминал како претприемач, почетоците и вртоглавиот успех на неговата компанија, како и за предизвиците со кои се соочуваат стартапите. По говорот, тој ќе одговора на прашања од претприемачите поврзани со подобро водење на бизнисот, но и за „IMGUR“, компанија која денес вреди неколку милиони долари.

Настанот е наменет за стартапите кои се дел од програмата на Сеавус Инкубатор за развој на деловни вештини кај претприемачи и подготовка на стартапи за рано лансирање на производ или пристап до финансии.

Сеавус Инкубатор и партнерите обезбедија дополнителни бесплатни карти кои се достапни за стартап заедницата.

***

Сеавус Инкубатор е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи и стартапи кои работат во областа на информационите технологии. Во Инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура и ресурси за успешен раст и развој на компаниите.

Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои преку 650+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

***

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  Swisscontact,  и ПРЕДА Плус. Програмата работи во три сектори: туризам и угостителство, зелена економија и креативни индустрии и има за цел повеќе работоспособни мажи и жени, особено младите, да бидат ангажирани во одржливо, пристојно вработување или само-вработување и/или да заработуваат повисоки примања.

Прегледи:
285
Објавено на:
01.11.2016