Категории

Одбројуваме… Уште само 10 денови до најголемиот музички фестивал ЕНТЕР ФЕСТ!

Од 29. мај до 2. јуни, најголемите музички имиња од целиот регион и нашата земја ќе настапат на исто место со една цел – голем музички спектакл и незаборавна забава за македонската публика. 


Овие пет денови, спортскиот центар Борис Трајковски ќе ги собере сите љубители на квалитетна музика и музичките стилови кои ќе бидат интерпретирани од страна на познатите пејачи и бендови. Тоа што го разликува овој фестивал од сите останати е програмата која ќе ги собере на едно место и помладите и постарите генерации, задоволувајќи ги сите музички вкусови.


На двете сцени, во надворешниот и внатрешниот дел, ќе настапат повеќе од 70 звучни музички имиња кои ќе се погрижат Скопје да излезе од монотонијата и да влезе во една поинаква музичка димензија. Македонската публика со нетрпение го очекува почетокот на Ентер Фест, а позитивните коментари ги има во се поголем број, што е доказ за големата желбата на публиката за ваков музички настан.

Сега не мора да чекате со месеци за да ги слушнете омилените музички имиња, бидејќи сите тие ќе настапат на петдневниот Ентер Фест. Доколку сеуште немате билети за претстојниот фестивал, истите може да ги купите по цена од 990 денари за сите пет денови онлајн на MkTickets, нивната продажна мрежa, како и во локалите на Trend Caffe, Barbakan, Next Bar & FoodMr.JackCali Café, Pošta Lounge&bar, Kalabalak Park, Custom Pub во Скопје и Bar Cube, Ministerstvo и Bar Trgovski во Куманово.


Дел од изведувачите кои ќе настапат на Ентер Фест се:  Ера Иштрефи, Ван Гог, Бед Копи, Дивље Јагоде, Дадо Топиќ, Партибрејкерс, Тамара Тодевска, Атомско Склониште, ПМГ, Гоце Саф, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ај Кју, Фолтин и уште 70 други изведувачи.

Излезете од рамките на секојдневието, бидете и вие дел од најголемото музичко уживање – петдневниот фестивал Ентер Фест.