Категории

Одете во набавка рано и тоа сами, притоа немојте да ги допирате сите намирници

Едно од најважните правила за да го намалите ризикот од зараза е да одите во продавница што порано додека нема гужва, а тогаш има и поголем избор на намирници

Колку и да се трудите да бидете што помалку во контакт со луѓето, купувањето на основните прехрамбени производи не може да го избегнете. Но можете да го намалите ризикот од зараза. Едно од најважните правила е да одите во набавка што порано додека сеуште нема гужва, а тогаш има и поголем избор на намирници.

Пред да излезете од домот измијте ги рацете и ставете хигиенски ракавици, понесете средство за дезинфекција на рацете и список со потребните намирници. Најдобро е да одите сами, без децата или партнерот.

Не го допирајте баш секој продукт, особено не овошјето и пекарските производи, земете го она кое ви е потребно. Кога ќе стигнете дома веднаш измијте ги рацете.

Прегледи:
514
Објавено на:
26.03.2020