Иако зимата дојде, нема да ја видиме кога ја очекувавме, туку малку подоцна во текот на 2017 година.
Тажната вест за сите фанови на најгледаната серија во светот ја соопшти дел од тимот на Игра на троновите, David Benioff и Dan Weiss, кои на фановите им соопштија дека серијата која минатите шест сезони се емитуваше во Април (со исклучок на третата сезона која започна на 31ви март), овој пат ќе се емитува подоцна во текот на 2017 година.
„Сеуште немаме точен датум за премиерата, но ќе биде подоцна од обично“ објаснуваат „Ќе започнеме подоцна бидејќи на крајот од шестата сезона веќе е дојдена зимата, што значи дека сончевото време нема да ни одговара за снимање. Следствено целиот тек на снимањето е поместен за да добиеме тмурно и студено време дури и во сончевите предели каде снимаме.“
Иако објаснувањето им е на место и сосема е логично, сепак фановите се прилично разочарани бидејќи текот на настаните каде застана минатата сезона ветуваше возбудливи случувања, а сега треба малку повеќе да почекаме од една година.