Категории

Односот помеѓу таткото и ќерката подоцна влијае врз нејзините љубовни избори

Најголемата слабост на еден татко е неговата мала принцеза

Во текот на животот градиме многу односи и секој е посебен на некој свој начин, но еден од оние кои се најважни во одредувањето на животните односи со другите е односот кој го градиме со родителите. Секако дека двата родители се исклучително важни за здраво и урамнотежено растење и созревање, сепак често само со еден од нив создаваме посебен однос. Најчесто мајките се понежни и по приврзани кон синовите, додека ќерките со татковците.

Односот на таткото и неговата миленичка е посебен и на многу начини ќе го одреди животот на ќерката. Таа е неговата мала принцеза и секогаш ќе ја доживува на тој начин, што и да се случува во нејзиниот живот. Таа секогаш ќе прибегува во неговите прегратки во моментите кога ќе и притреба разбирање и заштита. Таткото ќе биде мерка за посматрање и мерење на особите од спротивниот пол, но и повеќе од тоа, тој со своето однесување и постапки ќе ги поставува мерилата за нејзиниот живот во иднина и очекувањата од партнерите. Затоа е важно татковците да станат свесни за тоа и со мала помош на мајката, да успеат да и всадат на ќерката важни параметри и примери.

Како таткото се однесува спрема ќерката и спрема другите жени во неговиот живот ја учи ќерката за меѓучовечките односи. Татковците кои се грижливи спрема своите ќерки и нивните мајки, покажуваат наклонетост и љубов, ќе доведат до резултат нивната ќерка подоцна во животот да тежнее кон вистински избор за нејзин доживотен партнер.
На кој начин тој се носи со своите емоции,и ја искажува љубовта, гради стандарди и очекувања кои подоцна таа ќе тежнее да ги оствари – вели психологот Џенифер Комберг.

Прегледи:
503
Објавено на:
09.11.2019