Можете ли да замислите колку би бил поубав светот без кучињата скитници? Холандија сериозно ја сфати оваа проблематика и успеа да ги спаси кучињата наоѓајќи им дом. Оваа земја целосно им ги промени судбините на кучињата давајќи им живот полн со среќа и љубов.
Владата презеде конкретни активности за да го постигне ова преку спроведување на методот PSVIR (избор, стерилизација, вакцинирање, идентификување и враќање). Благодарение на тоа, во 2016 година, таа стана првата земја која ги спаси овие прекрасни суштества од осаменоста и ужасот на улиците. Се надеваме дека оваа идеја ќе ја преземе и остатокот од планетата.
Уште од 19 век, Холандија има огромна популација на кучиња. Скоро секое семејство во земјата имало куче како домашно милениче, бидејќи луѓето го сметале тоа за симбол на социјалниот статус. Но, голем број на кучиња кои живееле таму предизвикале појава на беснило што наскоро станала една од водечките причини за смрт. Од страв, многу сопственици почнале да ги напуштаат своите миленици, и бидејќи оваа акција се сметала за легална, улиците набргу биле исполнети со кучиња скитници од сите видови.
Холандија одлучила да ја искорени оваа ситуација од улиците. Сѐ започнало со организирање денови во кои стерилизацијата и кастрацијата биле задолжителни и бесплатни. Владата ги покрила сите трошоци. Со тоа, се отворила можност да се стерилизираат 70 проценти од женските кучиња. Исто така, секое куче подлегнало на медицински прегледи за да се провери кои вакцини и медицински услуги му се потребни.
За да се преземе уште поголема контрола и да се стави крај на ова прашањето еднаш засекогаш, владата донела закон со кој се заштитени животните и одобрила уште еден закон за здравје и благосостојба на животните. Новото законодавство ги поттикна сопствениците да им обезбедат на домашните миленици соодветен третман и да го елиминираат злоупотребувањето. Доколку сопствениците не ги почитуваат овие закони, тие би можеле да бидат казнети со затворска казна до три години и парична казна повисока од 16.000 долари.
Луѓето кои избираат да чуваат куче во домот, обично се одлучуваат за расни кучиња затоа што сметаат дека се поздрави и поубави. Затоа холандската влада реши да ги зголеми даноците за купување на кучиња во продавниците. Како резултат на тоа, додадениот трошок ги принуди сопствениците на кучиња да почнат да размислуваат за други начини за добивање домашни миленици и да ја зголемат шансата за посвојување на кучињата.
Државата, исто така, започнала да води уште една кампања за подигање на свеста. Овој пат жителите добија можност да се грижат за бездомни кученца. Луѓето се вљубиле во нив и повеќе од еден милион кучиња скитници успеале да најдат семејство и безбедно место за живеење. Кампањата предизвикала големо влијание врз граѓаните и предизвикала 90 проценти од населението да посвојат куче како домашно милениче.
Оваа владина програма се покажа ефикасна против сите проблеми на оваа тема. По сите овие достигнувања, тие им ја препуштија работата на „Полицијата за животни“ во 2011 година, која се состои од група полицајци одговорни за заштитата и безбедноста на кучињата. Денес кучињата кои живеат во Холандија не само што живеат удобен живот во домовите, туку може да се најдат и во повеќето продавници, ресторани и други установи во земјата.