Како што и најави пејачката Симона Поповска сними нов видео запис за прв пат со кадри од родниот Охрид за “Ти си моја победа”. Летен хит кој го промовираше минатиот месец во радискиот етер, во сосема поразличен стил од предходните песни чие комплетно авторско дело е на Роберт Билбилов.
За изработка и реализација на видеото се погрижи Андреј Ѓоргиевски, снимен е на три локации; главната локација во Охрид на плажа, на Галичица и во Скопје. Спотот изобилува со летни и помалку жешки сцени, затоа што и песната со нејзиниот стил го бара тоа.
Спотот е помогнат од Signori, Belina -брендот на кој Симона е заштитно лице на нивните парфеми и органска козметика, Doctors, Behealty и Promoitalia. За нејзината шминка и фризура се погрижи стилистот Бабан Тодоровски.
Следно во најава што може да се очекува од Симона е уште една нова песна со Ерик Фокс која за скоро време ќе биде промовирана со видео запис…
Веднаш по промоцијата на видео спотот Д-р Симона заминува во четиридневна посета на Милано заедно со професионалниот тим на Promoitalia каде работи, на усовршување во сферата на естетската медицина, врвната естетска дерматологија и козметологија.