Се сеќавате ли на играчката „Чибичан“, која беше многу популарна во 90-тите години? Многумина секојдневно го хранеа, го забавуваа со игри, го бањаа и го заспиваваа своето омилено виртуелно милениче? Само помислата на него сигурно ви буди носталгија.
Но, не грижете се, имаме одлична вест за вас
Милението„Tamagotchi” или кај нас познато како „Чибичан“, креирано во Јапонија е релансирано. Овој ноември е лансирана нова серија од оваа ретро играчка. Дизајнот е малку модифициран, па играчката е за 20 процени помала од моделот од 1997 година, но поентата на играта е непроменета – да го сакаш и да се грижиш за своето виртуелно милениче.
Како и во 90-тите, така и сега, по излегувањето од јајцето може да добиете едно од шесте видови животинчиња.