Категории

Open AI дозволува секој да создаде своја верзија на ChatGpt!

Со ланисрањето на ChatGpt пред речиси една година, Open AI го запозна светот со идејата за чет-бот со вештачка интелигенција кој навидум може да ви каже сѐ што ќе посакате.

Дојде време и комапнијата реши да објави платформа за правење на сопствени верзии на чет-ботот за коишто не е потребно кодирање.

Деталите за тоа како ќе изгледа ова сѐ уште не се јасни, но Open AI ветува дека на крајот ќе им плати на креаторите одреден износ врз основа на тоа колку се користат нивните GPT.

Овие прилагодени верзии на ChatGpt беа најавени во понеделникот на DevDay, првата конференција за развивачи на Open AI во Сан Франциско.

„Откако се лансираше овој бот, корисниците бараа начини како да го приспособат според своите потреби“, се вели во соопштението на Open AI.

 

Прегледи:
244
Објавено на:
09.11.2023