Категории

Опра Винфри има 4 здрави навики кои не е лошо да ги ископираме

Освен што е една од најомилените телевизиски лица, Опра Винфри е првата афроамеричка милијардерка и инспиарција им е на многу луѓе ширум светот, а до ден денес таа остана нормална и скромна.

Она што е важно е тоа што таа има 4 навики кои секогаш ги истакнува и за кои вистински се исплати да се усвојат за доброто на телесното и менталното здравје.

Никогаш не го навива алармот
Опра за себе вели дека сака да се буди рано, но никогаш не го мести алармот.

Денот го започнува со серија духовни вежби
За магазинот Harper’s Bazaar таа изјави дека неколку минути секое утро одвојува за серија духовни вежби. Наместо да чита весници, со утринското кафе таа извлекува картички со инспиративни цитати и после тоа медитира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Сама одгледува зеленчук
Зеленчукот го одгледува во својата градина и избегнува да купува се што може да посади и самата. Иако има личен готвач, Опра привремено готви сама а нејзиниот долгогодишен партнер Стедман Грејем ги обожава нејзините палачинки со боровинки.

Денот го завршува со благодарност
Таа секоја вечер размислува за 5 нешта за кои е благодарна и така заспива.