Категории

Оревите се вистински чувари на здравјето – Кои си нивните придобивки

Зајакнувањето на имунитетот е важно, особено во време на епидемија на коронавирус, но и другите сезонски респираторни инфекции. Докторите советуваат дека помеѓу главните намирници кои го потпомагаат зајакнувањето на имунитетот задолжително треба да се најдат оревите.

„Оревите имаат голема количина на селен па во текот на денот се препорачува да се изедат најмалку 10 ореви, тоа помага да се одржи дневното ниво на потребна количина во организмот“ – истакнуваат нутриционистите.

Оревите исто така го штитат срцето и крвните жили. Спрема процентите во четвртина шолја ореви постои 90% од потребните омега-3 масни киселини кои го заштитуваат срцето и смируваат од воспаленија и го држат нивото на холестерол во нормални граници.

Оревите содржат аргинин, есенцијани аминокиселни кои го намалуваат високиот крвен притисок. Овие омилени грицки содржат четири до 15 пати повеќе витамин Е отколку другите јаткасти плодови а освен срцето и крвните жили, овој витамин е подеднакво добар и за плодноста.

Прегледи:
668
Објавено на:
16.11.2020