Категории

Осаменоста е „болест“ на современото општество?

Велат дека осаменоста е избор, а самотијата неопходност. Како феномен, секако повеќе внимание привлекува осаменоста. Иако сме често во контакт со други луѓе поради чувство на припаѓање, помагање, поминување време и други релации својствени за луѓето, не секој го прави тоа.

Кај осамените луѓе овие потреби ги нема, зошто своите чувства ги креираат на поинаков начин. Бидејќи не постои објаснување за осаменост, се поставува прашање за каков феномен станува збор и кому е истата својствена?

Осамените луѓе не се чудни, многу од нив имаат богат внатрешен живот, знаат да управуваат со сопственото време и имасат развиен капацитет да “бидат сами”. Всушност, многу им е покомплицирано на луѓето кои не можат да живеат без другите, чиј живот не е целосен доколку не се опкружени со други луѓе, и кои не сакаат да бидат сами во ниту еден момент. Интересно е дека таквите луѓе се помалку забележливи, бидејќи таквите видови на однесувања се повеќе општествено прифатени.

Осаменоста е на некој начин парадокс на современиот живот и социјалните мрежи. Сите тврдат дека медиумите и социјалните мрежи овозможуваат поврзување со другите луѓе побрзо и подобро отколку во било кое време во историјата, а сепак, многу луѓе се чувствуваат повеќе осамено и повеќе изолирано.


Осаменоста ја карактеризира чувството на изолација кое е постојано присутно, дури и кога осамената личност е опкружена со многу луѓе. За разлика од осаменоста, самотијата не создава лоши чувства. Луѓето кои уживаат во самотијата го користат тоа време за да се посветат на самите себе. Осаменоста е особено изразена кај помладите луѓе, бидејќи нивната комуникација се сведува на СМС и фејсбук пораки. Доколку сакаме да го решиме овој проблем, треба да го ограничиме времето поминато на интернет.

Осамените луѓе треба почесто да излегуваат од куќата и да пронајдат нешто на што ќе се посветат. Против осаменоста можете да се борите на повеќе начини. Најдете хоби на кое ќе посветувате најмалку еден час секој ден. Ограничете го времето кое го поминувате пред компјутерот или телевизорот и излегувајте почесто. Наградете се секој пат кога ќе го извршите овој план.

Пробајте нешто ново, нешто што до сега никогаш не сте го правеле. Научите да танцувате, запишете се на некој курс за јазици, научете нова вештина и пронајдете ја пасијата во животот.