Категории

ОСЛАБЕТЕ МУДРО – ТОП СОВЕТИ КАКО ДА ГО СМЕНИТЕ СВОЈОТ СТАВ КОН ХРАНАТА ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ

Кога сте гладни, хранете се мудро

„Кога јадете треба да јадете со сите сетила,“ вели докторот Далтон Вонг, кој додава дека не треба да има било што што ќе ви го привлекува вниманието додека јадете. Исклучете го телевизорот, тргнете го мобилниот телефон или книгата и препуштете се на вкусот и мирисот. Уживајте во секој залак, анализирајќи ја секоја состојка од вашиот оброк. Овој трик го спречува прејадувањето.

Препуштете им се на чувствата

Сличен на претходниот чекор, и овој го става акцентот на хедонизмот и на препуштањето на сетилата за вкус. Одредете си (разумна) порција од вашето омилено јадење, а потоа џвакајте го секој залак по најмалку 15 пати, уживајќи во вкусот на сите состојки. Оваа препорака е со причина, а тоа е затоа што бавното јадење е поздраво, но и му дава време на хормонот лептин (кој е одговорен да ве извести кога сте најадени) да делува. Ваквиот начин на јадење ќе го спречи прејадувањето и брзањето кога станува збор за храна. Ќе јадете помалку, но секој залак ќе биде вистинска симфонија на вкусови!

3

1 2 3

Прегледи:
1170
Објавено на:
11.04.2016