Категории

ОСЛАБЕТЕ МУДРО – ТОП СОВЕТИ КАКО ДА ГО СМЕНИТЕ СВОЈОТ СТАВ КОН ХРАНАТА ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ

Иако сте сити, размислувате за репете

Што да правите кога стомакот ви вели „доста“, но мозокот и очите ви вриштат „уште“? Вонг вели дека ова е едноставно. „Само свртете го вниманието на нешто друго, одвлечето го вниманието на вашите очи од храната и занимавајте се со нешто друго.“

Заменете го зборот „вина“ со зборот „благослов“

Ова е сериозен проблем кај многу луѓе, особено кај жените. Чувството на вина откако ќе изедете две чоколади или половина леб е преголемо, па цел ден сте под стрес и го оптоварувате организмот. Наместо вина, треба да си речете дека сте благословени што ја имате сета таа прекрасна храна и што таа ги задоволува вашите сетила за вкус. Сè додека не претерувате, ваквото размислување е дозволено.

4

Јадете што повеќе органски и домашни производи

Скоро за секоја намирница на светов постои поздрава алтернатива. Гледајте овошјето, зеленчукот и месото да бидат од органско потекло, по можност домашно. Доколку не знаете од каде да ги набавите, прашајте ги вашите пријателки, кои можат да ви го препорачаат својот омилен продавач на пазар.

Овие совети ќе ви ја олеснат диетата, планот на исхрана или едноставно патот кон поздрав живот. Не заборавајте дека не треба премногу да се оптеретувате и дека никој не е совршен, туку важно е да бидете здрави и позитивни!

1 2 3

Прегледи:
1169
Објавено на:
11.04.2016