Категории

Ослободете се од болката во грбот со помош на лук и млеко (РЕЦЕПТ)

Статистиката покажува дека неиздржливата болка во грбот е на прво место на листата причини за изостаноци од работните места. Околу 80% од луѓето во еден период од животот чувствуваат неиздржливи болки во овој дел од телото и тоа независно од годините.

Еден тип на болка во грбот, ишијасот е особено болен, а до него доаѓа поради притисок или надразнување на еден од петте корени на нервите на кичмата. Поблагите облици на ишијасот најчесто поминуваат сами од себе, но за потешките случаи четопати умеат да помогнат рецепти од народната кујна. Еден популарен рецепт е овој со млеко и лук.

Потребни состојки:

  • 4 истолчени чешниња лук
  • шолја млеко
  • мед по желба

Подготовка:

Лукот и млекото ставете ги во тенџере и оставете ги да провријат на мала температура, додека мешате постојано. Кога ќе провријат, тргнете ги од рингла, оставете ги да се оладат, па по желба засладете.

Бидејќи лукот ја разредува крвта, не би требало оваа мешавина да ја пиете повеќе од еднаш дневно, но и тоа е сосема доволно за да ги намали болките.

Прегледи:
1418
Објавено на:
02.11.2018