Категории

Ослободете се од болката во грбот со помош на овие 3 едноставни совети!

Добрата вест е дека ова непријатно чувство во поголемиот дел од случаите поминува до две недели. Меѓутоа, ако е болката посилна и трае неколку недели, треба да се побара и помош од медицинско лице.

Лекови против воспаление: Ако сте се одлучиле да бидете силни и да дозволите времето да го направи своето, сепак можете да ги намалите болките со лекови како ибупрофен кој според истражувањата најдобро делува на овој вид болки.

Ладно – топли облоги: Можете да се послужите и со кесичка со смрзнат грашок првите 48 часа додека болката не попушти малку. Ако можете да издржите ставете го на болното место околу 10-тина минути, неколку пати на ден. Кога ќе помине овој период, ладните облоги заменете ги со топол пешкир. Ладните облоги ги „затвораат“ капиларите и го успоруваат протокот на крвта на тој дел од телото што помага при намалување на отокот, додека топлите облоги ги опуштаат затегнатите мускули и ја зголемуваат циркулацијата, па на тој начин доаѓа до поголемо количество на кислород до ткивото.

Соодветни обувки: Некогаш болката во долниот дел од грбот е директно поврзана со состојбата на стапалата, па затоа потребно е да одите кај ортопед кој ќе го анализира начинот на кој одите – неправилното газење може да доведе до болка во грбот. За ова ќе ви помогнат ортопедските улошки, но и физикалната терапија може да биде од голема помош.