Категории

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг ја напушта компанијата

Неодамна се обелодени скандалот за злоупотреба на податоци на корисниците на Фејсбук мрежата. За потсетување, станува збор за користење на податоци на преку 50 милиони корисници за политички цели во изборни кампањи, на нелегален начин од страна на компанијата Кембриџ Аналитика.

Поради овој огромен скандал, чувствувајќи морална одговорност како основач на Фејсбук, Марк Закерберг даде отказ од позицијата во компанијата. Оваа одлука дојде како големо изненадување за многумина, а тој ги информираше корисниците преку Фејсбук објава.

Поради настанатата ситуација, Марк веќе некое време е мета на најразлични контроверзии и шпекулации кои ја доведуваат во прашање исправноста и сигурноста на оваа социјална мрежа. Па поради тоа, оваа одлука можеби е резултат на огромниот притисок.

„ Откако се обелодени случајот Кембриџ Аналитика, Фејсбук изгуби околу 100 милијарди долари. Доколку не го преземам овој екстремен чекор, оваа бројка може да порасне од 200-300 милијарди долари“, напиша Закерберг на Фејсбук.

Доколку дојдовте до овој дел од текстот, сигурно очекувате уште детали за оваа одлука. Затоа, нема да ве држиме повеќе во неизвесност. Марк Закерберг нема да остане без работа, барем не во брзо време. :) Како директор и член на одборот на Фејсбук, тој контролира дури 87% од гласовите, така што единствен начин да си оди би бил доколку самиот себе се изгласа.

Споделете ја оваа првоаприлска информација со пријателите и уверете ги за момент во својата шега.

Прегледи:
517
Објавено на:
01.04.2018