Категории

Останете сами сѐ додека не наиде некој на кого навистина му е грижа за вас

Сакајте се себеси и кога ве сакаат другите, но сакајте се себеси дури и кога никој не ве сака.

Чувството дека треба да бидете со некого и треба да постигнете романтична врска во исто време, возбудува но и ужаснува.
Создава возбуда затоа што знаете колку сте подготвени да пружите љубов, но и ужаснува затоа што исто така можете да завршите сами без никој да сподели љубов со вас.
Но кога ќе размислите, не би требало да ве ужаснува помислата да бидете сами. Има уште многу полоши опции: Да се биде со некој на кој воопшто не му е гајле за вас.

Не би требало да се ужаснувате да останете сами без оглед на тоа кој доаѓа или заминува од вашиот живот, вие секогаш ќе бидете оној кој останува, едиственото друштво на кое можете да му верувате. Среќата не доаѓа од тоа да се биде со некој, туку реалноста во тоа некој да биде во можност да ви го пружи сето внимание кое ќе ве усреќи. И кој го може тоа подобро отколку вие?

Дури и ако не постои никој способен тоа да го постигне, никогаш не би требале да ја потценувате вашата сопствена способност да се усреќите она како што никој не би можел. И искрено зборувајќи, никогаш не би требало да условите вашето чувство на среќа врз идеата дека сте со некој.
Има луѓе кои се во врска а сепак се чувствуаат осамени, и има луѓе кои се слободни и се чувствуваат како да не им е потребен никој друг во животот. Никогаш не би требале да зависите од идеата тека морате да бидете со некого.
Ако изберете да ја споделите својата интимност, емоции и најдлабоки мисли со некого, треба да го направите тоа не само затоа што требате, туку затоа што сакате.
Треба да бидете со некој поради она што го чувствувате за него, поради начинот на кој го пополнува вашиот празен простор. Зошто да го трошите времето и менталната енергија и емоции на некој кој го насочува своето внимание спрема вас затоа што чувствува дека тоа му е обврска а не затоа што вистински сака?

Навистина е бесмислено да се обидувате да поправите некого кој се обидува да ве скрши, ако не чувствувате дека тие се „оние вистинските“ кои ја инспирираат вашата природа која никогаш порано не сте ја истражиле.
Не смеете да дозволите да се заглавите во кругот на зборови и акции кои се повторуваат и не водат никаде. Не би требало да се опседнуваате со идеата дека не правите доволно за вашиот партнер кога вашиот партнер не прави ништо за вас, ако не ги земеме во обзир негативните нешта.

Вреден партнер е оној кој ќе биде поракј вас затоа што го сака секое делче од вашето битие. Љубовта е акција, доживотно движење. Ако е било што друго, тогаш не е љубов.

Сакајте се себеси дури и кога некој ве сака повеќе, и сакајте се себеси дури и кога никој не сака.

Прегледи:
441
Објавено на:
26.12.2019