Категории

Останете сингл додека не се појави тој што ќе ги прави овие 5 нешта за вас

Не се впуштајте во врска додека не најдете некој кој ќе направи се за да бидете среќни, кој ќе ги земе в предвид вашите потреби и чувства, и кому ВИЕ ќе му бидете приоритет! Вреден е оној кој ќе ги направи овие 5 нешта за вас.

 

Сака да ве претстави на сите

Не влегувајте во врска додека не го пронајдете оној кој ќе ве држи за рака, ќе ве бакнува во јавност и ќе ве запознае со своите родители прд да помисли да спие со вас. Оној кој навистина ве цени и почитува и говори за вас дека сте најдоброто нешто што му се случило.

Не сака да ве промени

Бидете сами се додека не се појави оној кој нема да се обидува да ве промени, кому ќе му се допаѓате и со долга и со кратка коса, на чиј одговор додека се допишувате нема да мора да чекате два часа и оној кој секогаш ќе биде искрен.

Ви нуди сигурност

Личноста со која нема да се чувствувате несигурно и која ќе ве заштити го заслужува вашето внимание. Важно е да се чувствувате сигурно со некого бидејќи тоа значи дека нема психолошки игри поради кои нема да бидете сигурни за неговите намери.

Пеперутки низ целото тело, не само во стомакот

Биди со онаа личност која ќе те магепса. Заљубеноста е можеби минлива работа, но биди со оној кој ќе предизвикува пеперутки поп целото тело, а не само во стомакот. Исто така, важно е покрај него да се чувствувате најубаво дури и во вашето најлошо издание.

Први сте му на листата на приоритети

Бидете сами додека не запознаете некој без кој нема да можете да го замислите својот живот и не трошете го своето време на оние кои тоа не го заслужуваат. Некој кој навистина го заслужува вашето внимание ќе направи се за бидете приоритет на неговиот распоред.

Прегледи:
444
Објавено на:
11.07.2018