Категории

Островот на виножитото Хормуз – Живописна природа скриена во Персискиот залив

Можеби не сте знаеле, но Иран има свои острови. Најубавиот од нив се вика Хормуз и крие неопислива убавина, но поради напнатата политичка ситуација е скоро недостапна за туристите. Хормуз е наречен и „остров на виножитото“ заради живописната природа и се наоѓа во Персискиот Залив.

Огнената црвена земја на островот Хормуз се користеше за уметнички проекти, па дури и неколку кулинарски деликатеси – како што е тенок, крцкав леб посеан со светло црвени зрна прашина. Жолтите, портокаловите и бакарни тонови на ова место инспирираа безброј уметници. Д-р Ахмад Надалијан основа музеј и галерија што изложува уметнички дела во светли бои кои ги рефлектираат сите нијанси и текстури на островот Хормуз.

Островот Хормуз е рај за планинарите затоа што е украсен со необични карпи кои изгледаат како огромни школки, како и планини кои изгледаат како да се од Марс. Разнобојните карпи на Долината на тишината ве оставаат без зборови. Овој остров е дом и на прекрасен архитектонски проект на шарени куполи. Куполите на Хормуз во форма на сијалица се изградени од локален песок, а нив ги дизајнираше познатиот ирански архитект Надер Калили – специјализиран за изградба на засолништа за луѓе од песок и камен.