Категории

Освоил џек пот од 540 милиони долари

Играч на лотаријата од Индијана во петокот го освои џек потот од 540 милиони долари, кој е седмиот најголем во историјата на лотаријата на САД.

Победничките броеви 8, 19, 20, 55 и 73 одговараат на ливчето уплатено во Индијана, објави “Mega Million” на својата интернет страна.

Таа лотарија се игра во 44 сојузни држави, како и на Девствените острови. Шансите за освојување на џек пот биле еден спрема 259 милиони.

За уплата од само еден долар среќниот добитник може да бира еднократна исплата од 380 милиони или 540 милиони во идните 30 години, велат од лотаријата.

Тоа е најголем џек пот од 2013 година, кога двајца добитници од Калифорнија и Џорџија ја поделија наградата од 648 милиони долари.

Рекордниот џек пот на “Mega Million” е извлечен година дена претходно и изнесувал 656 милиони долари.

Прегледи:
482
Објавено на:
09.07.2016