Категории

Освојте го во текот на допишувањето: Еве што можете и што никако не смеете да му пишувате

Следете ги овие совети за успешен почеток 

Апсолутно ДА за:
-Пидете природни и спонтани во текот на допишувањето, пораките не се наменети за тешки или агресивни теми, насмејувајте го за тој да ужива додека го чита она што имате да го кажете.

-Пораките за добра ноќ се важни и тие значат дека мислите на него во текот на најинтимните мигови од денот. Посакувајте му добра ноќ, тоа ќе ве зближи.

-Пуштајте му песни, така тој ќе може да открие каков вид на музика слушате, па тоа може да биде дополнителна тема за разговор кога ќе се сретнете во живо.

Никако НЕ за:
-Немојте да му пишувате за тоа доколку ви се случило нешто негативно во текот на денот, пораките би требало да бидат позитивни и да го насмеат. Ако ви треба некој совет или поддршка, подобро е тоа да го прашате во лице.

-Немојте да го анализирате секој збор и секое смајли и да барате некоја позадина во сето тоа и да се обидувате да му возвраќате во шифри. Пишувајте опуштено без преоптеретување.

-Немојте да му поставувате премногу прашања, и избегнувајте долги и длабоки разговори преку пораки, подобро е тоа да го правите во живо.

Прегледи:
431
Објавено на:
19.11.2019