Неодамна, Франција ја забрани продажбата на iPhone 12 бидејќи се покажало дека има прекумерно зрачење, односно стапката на апсорпција била малку над дозволеното.
Американската технолошка компанија вети дека ќе го поправи проблемот и неодамна го ажурира софтверот.
Се очекува дека продажбата на истиот ќе се врати како и претходно.