Категории

Откриен клучниот фактор кој го спречува стареењето?! Го има во оваа ефтина и лесно достапна храна!

Во една неодамнешна студија, научниците тестирале 10 различни флавоноиди, соединенија кои што природно се појавуваат во храната и имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства

Клучмиот фактор во неизбежниот процес на стареење на кожата е познат и како стареење на клетките. Откако клетките на кожата ќе влезат во оваа фаза, тие веќе не се во можност да се поделат, а кога ќе се случи тоа, се ослободуваат воспалителни сигнали кои го поттикнуваат имунитетот да „ја исчисти“ таа оштетената клетка.

Младото тело може лесно да се справи со ова, но како што старееме, нашиот систем станува помалку способен за тоа, што резултира со акумулација на оштетените клетки, што доведува до воспаление на ниско ниво, а потоа и распаѓање на ткивата.

Научниците се обидоа да утврдат кои сенолитици – молекули кои таргетираат и уништуваат „стари“ клетки – би биле најефикасни во забавување на процесот на стареење. Нивните откритија беа објавени во списанието EBioMedicine.

 

Соединение кое го забавува стареењето на клетките

Во една неодамнешна студија, научниците тестирале 10 различни флавоноиди, соединенија кои што природно се појавуваат во храната и имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства

Од сите соединенија што ги испитале, најефикасен бил фистеинот, кој природно се појавува во многу овошја и зеленчук – вклучувајќи јаболка, јагоди, кромид и краставици.

Кога го „третирале“ стареењето кај глувците со употреба на фистеин, стручниот тим увидел дека бројот на стари клетки се намалил, продолжижувајќи го животниот век и придонесувајќи подобро здравје на животните.

Научниците додале дека ова е само првиот чекор од многу подолга студија, истакнувајќи дека: „Сè уште има многу прашања што треба да се решат, вклучувајќи ја, на пример, вистинската доза“.

Прегледи:
715
Објавено на:
28.11.2019