Категории

Откриена големата мистерија за култниот цртан Том и Џери

Приказната за мачката Том и глувчето ryери, кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, редовно завршуваше со тоа што Том остануваше лут, а Џери успеваше да ја постигне посакуваната цел, со многу бркање и духовити ситуации.

Во една прилика, нивното надмудрување беше прогласено за „насилно“, но адаптираните епизоди не успеаја како оригинални. Неодамна, култниот цртан филм го прослави својот 80-ти роденден, а сега е решена големата мистерија и прашање – дали Том и ryери се пријатели или непријатели?

Тие се најдобри пријатели!

„Том и Џери се најдобри пријатели, но Том мора да се преправа дека го мрази Џери за да го заштити и неговиот сопственик да не го замени со друга мачка која навистина ќе сака да го убие Џери“, стои во објаснувањето.

„Цел живот живеев во лага“, „Нè измамија“, „Некои епизоди сега добиваат на значење“ беа само некои од коментарите на Твитер во кои беше објавен одговор на „Гугл“ за врската помеѓу двата цртани лика.