Категории

Откриена вистината за 800 години стариот мобилен телефон (видео)

Секој ден дознаваме некоја нова мистерија, откритие или приказна која ниту најобразованите научни мозоци не умеат да ја објаснат. Денес, во времето на современа технологија, е еднакво предизвикувачки, но малку побрзо дешифрирање на историските мистерии кои подолго време го држат човештвото во неизвесност.
Една од најконтроверзните археолошки мистерии е откритието на славниот „телефонот стар 800 години“ пронајден во Австрија. И навистина, предметот личи на денешните мобилни телефони, поточно на оние од почетокот на милениумот.
-Ако малку подобро погледнете ќе видите дека најмногу личи на Нокиа телефоните, со сличен распоред на копчињата, само што на тие места има месопотамско писмо.

Набрзо по откритието, се јавија голем број теоретичари на заговори, квази експерти, блогери… кои се обиделе да дадат објаснување. Напредна цивилизација, патување низ времето, вонземјани – се само некои од решенијата на оваа мистерија.
И додека експертите се прашуваа што прави клинестото писмо во Европа и зошто токму Nokia 3310?! Конечно мистеријата доби објаснување. Уметникот Карл Вајнгарднер од Германија открил дека пронајдениот артефакт е негово уметничко дело, под името “Vavilonokia”, украдено поради целата измама.

https://www.youtube.com/watch?v=vXliNsu9UBc

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
353
Објавено на:
07.02.2017