Категории

ОТКРИЕНИ НЕОБИЧНИ СИГНАЛИ ВО ВСЕЛЕНАТА: Научниците се сомневаат дека некој се обидува да комуницира со нас

Астрономите открија необични сигнали кои доаѓаат од правецот на центарот на галаксијата Млечен Пат, кои не се вклопуваат во постојната шема на променлив радиоизвор, што би можело да укаже на нова класа на ѕвездени објекти.

– Најчудното својство на овој нов сигнал е тоа што има многу висока поларизација. Тоа значи дека неговата светлина осцилира само во еден правец, но со текот на времето таа насока ротира – изјави Цитенг Ванг, водечки автор на новата студија и професор од Универзитетот во Сиднеј.

Тој изјави дека светлината на објектот, која доаѓа од центарот на нашата галаксија, исто така драматично варира, и дека сигналот се вклучува и исклучува очигледно по случаен избор.

„Никогаш не сме виделе нешто слично“, рече Ванг. Многу видови ѕвезди испуштаат променлива светлина во електромагнетниот спектар. Пулсарите, суперновите, запалените ѕвезди и брзите радиоизливи се типови на астрономски објекти чија светлина варира.

– Отпрвин мислевме дека тоа би можело да биде пулсар – многу густ тип на ротирачка ѕвезда – или тип на ѕвезда што емитира огромни соларни блесоци. Но, сигналите од овој нов извор не одговараат на она што го очекуваме од овие типови на небесни објекти – рече Ванг

Прегледи:
471
Објавено на:
01.11.2021