Категории

Откријте дали сте сапиосексуалец? Интелигентен разговор како предигра или пак, преферирате нешто друго?

Дали сте од оние луѓе на кои им е најважен изгледот за да се вљубите или ве освојува нечиј интелект? Доколку изгледот не ви е толку важен колку интелектуалните способности, тогаш спаѓате во групата на сапиосексуалци.

Сапиосексуалците се личности кои интелектот го сметаат за исклучиво привлечен и со тоа надворешниот изглед паѓа во втор план. „Го сакам начинот на кој што размислуваш“ – е една од најчестите изјави на сапиосексуалците.

Нив особено ги привлекува можноста за квалитетен аргументиран разговор со партнерот и ништо не ги возбудува повеќе од нечија интелигенција.

 Стручњакот по трансперсонална психологија, Диана Раб, тврди дека мозокот е најголемиот „сексуален орган“ во телото на човекот. Личностите кои се свесни на својата сапиосексуалност ќе ви кажат дека ги возбудува мозкот на другите личности, односно ги возбудува начинот на кој резонираат. Сапиосексуалците длабоките политички или филозофски разговори ги доживуваат како некој вид на предигра.
Прегледи:
487
Објавено на:
04.07.2018