Категории

Откријте што вистински им е најважно на мажите на првиот состанок

Првиот состанок е секогаш интересен спој на чувство на несигурност и надеж дека конечно ќе го запознаеме оној вистинскиот.

Но во последно време, првите состаноци всушност се претворени во „деловни“ разговори за барање на животни партнери, на кои се очекува откривање на многу лични информации.
Една интернет страница за онлајн состанови во едно свое истражување сподели дека нивните клиенти ги интересирало кои се најприкладни теми за разговор во текот на првиот состанок.
Многумина ги изненади фактот дека дури 41 процент од испитаниците мажи веруваат дека жената на првиот состанок треба да открие дали може да има деца и дали панира да стане мајка во иднина.

Овој податок предизвика револт помеѓу бројни жени кои сметаат дека тие податоци се резервирани за паровите а не помеѓу потполни страниц. Од друга страна, некои жени веруваат дека искрениот одговор за татковството и мајчинството на почетокот на врската би спречило многу проблеми во нивниот понатамошен живот.

Прегледи:
597
Објавено на:
08.09.2019