Категории

Откријте што значат боите кои вашето дете ги избира да ги бои цртежите

Стручњаците кажуваат дека изборот на бои кој доминира на детските цртежи, може многу да открие за карактерот на вашето дете. Жолтата боја е избор на оние веселите и добрите личности, а виолетовата ги открива децата кои преземаат иницијатива.

Ако досега не сте обраќале внимание на боите кои доминираат на цртежите на вашите најмили, исправете ја грешката и почнете да работите на тоа. Затоа што стручњаците објаснуваат дека изборот на боите кажува многу за карактерот на вашето дете.

Сина
Таа е омилената боја на социјално интелигентните и грижливи деца

Жолта
Таа е бојата на сонцето и е избор на веселите, топлите и интелигентни битија

Розева
Таа е дефинитивно показател дека вашето дете има изразена потреба за љубов и почитување на најблиските, но и внимание од околината

Црвена
Асоцира на љубопитност и постојана потреба од возбуда

Зелена
Бојата на тревата доминира на цртежите на децата кои сакаат да бидат поинакви. Тие се вистински уметнички души и затоа обожаваат слобода .

Виолетова
Оваа боја ги открива малечките кои превземаат иницијатива и се сигурни во себеси