Категории

Отсега Фејсбук го ограничува „LIVE“ снимањето

Компанијата Фејсбук денес објави дека ја ограничува употребата на својата платформа „Live“ која овозможуваше пренос на видео во живо. Оваа одлука е донесена по нападот на џамијата во Нов Зеланд кој се случи во средината на март, а убиецот ја користеше оваа опција за во живо да го пренесува масакрот во кој животот го загубија 51 човек.

Фејсбук беше мета на критики бидејќи доцнел со исклучувањето на тоа видео чии слики многу брзо се проширија преку интернет. Во овој случај од Фејсбук мораа да тргнат дури 1.5 милиони компии од видеото.
Компанијата по настанот даде ветување дека ќе ги анализира условите за користење на платформата „Live“.
Од Фејсбук ги предупредуваат корисниците да бидат внимателни, затоа што корисниците кои ги прекршуваат правилата за користење на друштвената мрежа, посебно тие правила кои забрануваат опасни организации и поединци, повеќе нема да имаат пристап до мрежата определен период, а тоа ќе стапи на сила веднаш по првиот престап.