Категории

Отсега ќе можете да зборувате со ChatGpt!

Компанијата којашто стои зад повеќето чет-ботови, OpenAI најави нови напредни функции.

Имено, корисниците ќе можат да се вклучат во говорен разговор со вештачката интелигенција.

Овие гласовни функции се слични со оние што моментално ги нудат гласовните асистенти на Amazon Alexa и Siri на Apple.

Од компанијата велат дека соработувале со професионални гласовни актери за да создадат пет различни гласови кои можат да се користат за анимирање на чет-ботот.

Чет-ботот ќе може гласно да раскажува приказни како и да одговора на разни прашања.

Прегледи:
254
Ознаки:
· ·
Објавено на:
28.09.2023