Категории

Отсега онлајн обложување и во Македонија – Седи дома и обложувај се во MOZZART!

Онлајн обложувањето отсега е овозможено и кај нас! Со новата уредба донесена од страна на Владата на Р.С.Македонија, приредувачите на игри на среќа можат да ја организираат својата работа преку интернет.

Од Mozzart изјавија дека се целосно подготвени за работа согласно новодонесената уредба: „Овозможен е лесен, едноставен и сигурен пристап на сајтот на Мozzart кој е веќе одамна докажан во светски рамки. Правилата на игра се комплетно прилагодени, а на играчите им се понудени поедноставени чекори за игра, начин на уплата и исплата на средства, и се останато што е потребно за интернет обложување. Со оваа уредба, подобрени се условите за играчите, а кога повторно ќе се отворат уплатните места согласно одлуките на Владата, играчите ќе може да изберат на кој начин ќе одиграат тикет, преку интернет или директно во нашите локали.“ – изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart Bet. Обложувањето на mozzartbet.mk е лесно и едноставно, во само неколку чекори: Регистрација на налог на www.mozzartbet.mk и уплата на средства преку е-banking или директно на шалтер во банка/пошта. За обложување на сајтот на Mozzart Bet не е потребно играчите да поседуваат клуб картички или некои други посебни услови. Доволна е само регистрација на сајтот и играчите веднаш можат да ја започнат играта.

Од Mozzart изразија и позитивни зборови за брзата реакција на државните органи по повод донесената уредба: „Нашата работа речиси два месеца беше целосно стопирана согласно донесената Одлука на Владата, а се однесува на мерките на заштита од ширење на коронавирусот. Сакаме да изразиме позитивни зборови до државните органи за брзата реакција со кои дојдоа до решение како би можеле да продолжиме со нашето работење. Настојуваме секоја наша донесена мерка и одлука на ниеден начин да не ги загрози нашите вработени, кои се речиси 600 на број. Со новата уредба и можноста за повторна работа, нивната сигурност е уште повеќе потврдена, а веруваме дека ќе биде така и со вработените од другите компании од секторот.“ – додадоа од менаџментот на компанијата Mozzart Bet.

Инаку, компанијата Моzzart изминатиов период реализираше низа општествено-одговорни активности во борбата против коронавирусот. Моzzart досега донираа 50.000 евра наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени. Финансиска помош доби и Македонскиот Полициски Синдикат за набавување заштитни средства. Имаше и голема акција за донација на телевизори во повеќе установи низ државата, меѓу кои Здравствени установи, Домови за згрижување деца и Домови за нега на стари лица.

Прегледи:
617
Објавено на:
12.05.2020