Семејството на Wenice се прошири за уште еден член. Отсега широкиот асортиман на производи застапени во сите продавници на Wenice може да ги најдете и на најновата локација во ТЦ „Lisa“ во населбата Ново Лисиче.
Докажаниот бренд за детска облека Wenice, кој уште од 2004. година се грижи за најмладите, нудејќи квалитетна и модерна облека, на ваше барање ги зголеми своите капацитети за уште една нова продавница. На почетокот на студените зимски денови, сега имате одлична можност да ја подновите гардеробата на вашето дете, искористувајќи го промотивниот попуст.
Топли џемпери, јакни, чизми, и уште многу други производи специјално дизајнирани да бидат истовремено удобни и модерни, за среќни насмевки кај најмладите.
Покрај најновото продажно место во Ново Лисиче во ТЦ Lisa, продавниците на Wenice може да ги најдете на следните локации: Skopje City Mall (2 кат), Ramstore Mall (1 кат) и TC Biser (приземје), како и најновиот продажен објект, Wenice Home во населбата Илинден. Моделите на бебешка и детска облека се достапни и во магацинот за големопродажба.
Посетете ја најблиската продавница и пронајдете сѐ што му недостасува на вашето дете за зимскиот период или нарачајте онлајн
Изберете комфор, квалитет и удобност. Изберете Wenice!