Британката Никол Бон одлучила преку отворено писмо да се обрати на сите сопрузи кои немаат разбирање на сето она што нивните поубави половини го прават во текот на еден ден…
Триесетичетири годишната мајка од Лондон, Никол Бон, започна блог под името “Мама напаѓа” во кој ги опишува секојдневните ситуации и случувања со кои се соочува при растењето на четрнаесет-месчното девојче Попи.
“Драги тато кој не се мачиш со постпородилните килограми, како прво, ти честитам на новата животна улога. Бебенцето сигурно ќе личи на тебе и ти сигурно си многу горд! Него, ајде да го оставиме тоа на страна. Време е јас и ти да го имаме овој мал разговор!Еден текст посвети на сите “презафатени” татковци кои сметаат дека нивната работа е презахтевна, а како конечно би сфатиле како изгледа денот на нивната сопруга и како би можеле да се вклучат во растењето и воспитувањето на децата….
Се зборува дека баш и не се “плеткаш” многу околу бебето. Зборуваат и дека навечер ставаш тампони за уши како би бил одморен наутро, а и тоа како очекуваш и топла вечера кога ќе се вратиш од работа.
Велат дека си изјавил дека мајката на твоето дете е впрочем на некој вид годишен одмор кој е исполнет со гледање телевизија, купување и долги уживанции со утринското кафе. Додека ти, од друга страна, не стигнуваш да направиш ништо од домашните обврски, бидејќи си презафатен со заработување за да имаме за пелени.