Категории

Отворено писмо кон сите безобразни сопрузи

Епа, вака стојат работите: се само што не си во право, него си и прилично себичен!

Секое утро се будиш после преспивајќи ја цела ноќ, имаш време да се истушираш и да појадуваш, потоа влегуваш во својот автомобил и одиш на работа. Во текот на денот комуницираш со возрасни, имаш време да пиеш кафе и да ручаш. Го користиш мозокот, имаш дури и време за размислување и најважно од сè – имаш слобода.

За тоа време, неколку километри од тебе, твојата друга половина шета по домот како зомби откако отспала одвај два часа во текот на ноќта. Уште не е доручкувана, а испила дури две голтки чај, кој сега стои на маса заборавен и ладен. Само што го доела своето бебе (повторно) и, бидејќи бебето се смирило и заспало, ќе се обиде да истрча до тоалетот и да се истушира.

Само што ја нашампонирала косата (прв пат после неколку дена), тогаш бебето почнува да плаче. Бидејќи не може да го игнорира плачот, таа мокра излегува од бањата и трча да го утеши вашето бебе. Заборава на туширањето и остатокот од денот го минува чешајќи се по глава на местата каде останала исушена сапуница.

Конечно, малечкото повторно заспива. Што попрво да направи? Има толку многу опции. Перење, чистење, одење во продавница, ручек? “Ќе почнам со облекувањето” – тоа е првата нејзина мисла бидејќи сфатила дека и понатаму е замотана во пешкир со полумокра коса.

Трча во соба да се облече, а на шпоретот става вода и прави уште еден обид да свари и испие еден чај. И таман пред да земе една голтка, бебето заплака. “Немој да плачеш, те молам немој да плачеш”, се моли во себе, но залудно, бебето е повторно будно. Што му е сега? Што уште му треба? Дали му е топло? Ладно? Не….чекај, го цица прстот – сигурно е гладно, повторно!

Следниот час време минува во доење. И преслекување. Гледаш? Многу е тешко да се издржи, многу е исцрпувачки и стресно, понекогаш дури и болно.

По долго хранење, бебето задремува. “Морам да јадам”, помислува и повторно се обидува да се истушира пред новото будење.

1 2 3

Прегледи:
1085
Објавено на:
15.03.2016