Категории

Отворено писмо кон сите безобразни сопрузи

Попладне, откако набрзина изела корнфлекс, твојата жена излегува на кафе со пријателките. Се кладам дека замислуваш слика во која жените се кикотат, пијат кафе и јадат колачи.

Но вистината е дека тие всушност немаат време дури ни да поседат малку подолго, бидејќи многу брзо треба да тргнат накај дома, бидејќи вашето дете мора повторно да јаде. А и на патот кон кафичот, бебето се искака и потребно му е итно пресоблекување (што и било причина за бебешкото плачење и нервозите за целото време додека се возевме во автомобилот). Конечно, кога се нашла со еднакво исцрпените пријателки, немало многу кикотење, само приказни за пелени и доење.

Кога стигнале дома и бидејќи го нахранила твоето бебе, малечкото конечно заспа, а тоа е обид и на твојата жена. Но не може да заспие. Ја гризе совест бидејќи има толку многу што треба да се среди по дома, а и сфаќа дека ти ќе се вратиш набрзо и дека ќе очекуваш топла вечера, а таа ништо не ни стигна да купи од намирниците.

Очигледно наведов само една, тешка страна на денот на твојата поубава половина, намерно не ти опишувам како изгледа нејзиното мазење со бебето, како би бил сконцентриран само на претходно напишаното. Во секој случај, се надевам дека ова ти помогна да сфатиш дека твојата жена минува низ прав мал пекол и дека на неа и е потребна твојата помош.

Така да вечерва, кога ќе стигнеш дома од работа, можеби би можел да го земеш малку бебето, а на неа да и предложиш да дремна и одмори. Можеби дури и би можел да и направиш здрав оброк и да и кажеш колку е таа неверојатна.

И да, дали би можел те молам вечерва да не ги ставаш тампоните за уши и да му ја промениш пелената на бебето кога ќе се разбуди сред ноќ?

Ти благодарам на вниманието!”

1 2 3

Прегледи:
1086
Објавено на:
15.03.2016