3-годишниот Кејси Хатавеј, кој преживеа две ноќи сам во ледена шума, вели дека за време на неговото исчезнување во шумата го чувала мечка.
Спасувачите го пронашле Кејси заплеткан во грмушка со трња во округот Крејвен, во американската држава Северна Каролина, во близина на местото каде шо исчезнал од куќата на својата баба.
Кога исчезнал температурата била многу ниска, а потрагите за него биле набргу откажани поради јаките дождови и ветрови. Полицијата го пронашла еден откако човек слушнал како плаче некое дете и ја повикува својата мајка.
Шерифот на округот Крејвен Чип Хју изјавил за локалната телевизиска станица дека момчето раскажало неверојатна приказна во врска со неговото исчезнување
„Рече дека има пријател во шумата, а тоа е мечка која цело време била со него“, изјавил шерифот.
Зборовите на детето ги повторила и неговата тетка Брајана Хатавеј.
„Кејси е здрав, се смее и зборува. Вели дека се дружел со мечката два дена. Бог му испратил пријател да го чува. Бог е добар. Чуда се случуваат“.
Северна Каролина изобилува со црни мечки, кои обично не се агресивни кон луѓето, иако е нејасно дали оној со кој се спријателил е вистински или производ на неговата фантазија.