Стефан Мандел успеал да открие формула со која се победува на лотарија и тоа го извел сам дури 14 пати, а ниеднаш не го прекршил законот.
Математичкиот гениј поминал повеќе години во своето истражување со цел да ја оствари целта за на крај да добие „алгоритам за бирање броеви“ заснован на метода која ја нарекол „комбинаторна компресија“.
Користејќи ја оваа метода Стефан тврди дека може прецизно да одреди пет од шест победнички броеви, што го намалува бројот на можни комбинации во лотото на „само“ неколку илјади, од претходните неколку милиони.
Со неговите пријатели се впуштил во ризик и купил огромен блок лото ливчиња, во кој ги внесол комбинациите од својата формула и освоил награда.
Џек потот изнесувал околу 15.000 фунти, а откако ги исплатил сите трошоци му останале околу 3.000 фунти. Тоа било доволно да започне нов живот надвор од земјата и повторно да се обиде со формулата.
Успеал да убеди неколку инвеститори да вложат пари и да изградат лото синдикат и направил паметен систем по кој компјутерите ги пополнуваат листовите со сите можни комбинации.
Добиле 12 лото награди и илјада помали награди низ Австралија и Велика Британија. Интересно е тоа што сопствениците на лотариите иако знаеле за оваа формула, сепак ги забраниле ливчињата кои се пополнети компјутерски, како и купувањето ливчиња на големо.
Но, Стефан имал резервен план. Го искористил својот профит да финансира скаути низ Америка како би одредил која лотарија би била најдобра за неговата идна шема. Основал фирма во Вирџинија, вработил 16 илјади луѓе да му печатат ливчиња и повторно освоил џек пот и многу други помали награди.
Од силна желба за оваа „лотоманија“, Стефан банкротирал во 1995. година, а потоа провел 20 месеци во затвор во Израел поради проневера. Сите американски држави од тогаш воведуваат закони со кои се забранува користењето на стратегијата на Стефан.
„Јас сум човек кој ризикува, но калкулирано. Шансите се на моја страна“, изјавил Стефан во 2012 година за еден романски весник.