Категории

Ова е човекот кој секој ден во текот на 40 години садел по едно дрво. Денес има џунгла поголема од Централ Парк

Неговите напори вратиле голем број на видови на животни во дождовната шума – елени, тигри и преку 115 слонови кои живееле претходно на истото место. Голем дел од овие видови се вратиле за прв пат по 40 години.

Понекогаш сметаме дека како единки сме немоќни да се бориме со климатските услови, загадувањето, а воедно и спасувањето на планетата. Но, делата зборуваат погласно од зборовите, а овој човек е доказ за тоа.

Во доцните 70-ти од минатиот век, Јадав забележал многу мртви змии. Островот Мајули ја губел својата вегетација, претворајќи се во пусто место кое го напуштале сѐ поголем број животински видови. Во последните 100 години, Мајули изгубил дури 70% од својата вегетација.

Токму тоа го поттикнало овој човек да започне со садење по едно дрво секој ден. Денес ова место е тропски рај. Многумина на социјалните мрежи апелираат дека овој човек е вистински херој кој заслужува и Нобелова награда за својот труд.