Категории

Ова е Џени, преубавиот коњ кој веќе 14 години шета по истите улици низ Франкфурт

Секое утро во Франкфурт, Германија, може да ја забележите Џени, која оди на долги прошетки секое утро, без придружба. Таа оди по истата патека веќе 14 години, од моментот кога нејзиниот 79-годишен сопственик повеќе не бил во состојба да ја придружува.

Таа ужива во поздравите од познатите минувачи кои секојдневно ги среќава, застанува, а тие ја опсипуваат со љубов и внимание кое им го возвраќа.
Локалните жители ја третираат како позната личност, па за да биде безбедна таа носи порака на својот грб: „Јас сум Џени. Не избегав, само шетам. Ви благодарам.“
Полицијата честопати добива повици од луѓе кои не ја знаат нејзината приказна. Тие се запознаени со коњот и неговиот сопственик и не се случил никаков инцидент цели 14 години. Локлните ветеринари кои ја прегледуваат редовно велат дека таа е во одлична здравствена состојба и не покажува знаци на анксиозност поради нејзиниот уникатен животен стил.
Прегледи:
500
Објавено на:
23.09.2019