Ако ве интересира каде може да ги поминете најубавите моменти со саканата личност, а да не ве оптеретува бука и гужва, пронајдовме идеална дестинација.
Хидра, романтичниот остров во Грција, со сигурност ќе ве магепса со прекрасниот поглед на синото море, уживање на песочни плажи, вкусот на свежатаа риба и возењето со бродчиња.
Хидра важи за еден од најубавите романтични острови. Сместена е помеѓу двата заливи Арголис и Сарон јужно од Атина. На островот нема сообраќај, па поради тоа посетителите се поштедени од звуците на мотори и сирени. Локалното население е многу љубезно, додека посебен шмек даваат магарињата кои служат како превозно средство.
Овој мал остров е познат и по преубавата архитектура, која датира од почетокот на 20. век. Привлекува голем број уметници, па во кафулињата на брегот може да ја сретнете и Софија Лорен или Мик Џегер како уживаат во магијата на Хидра.