Категории

ОВА Е ИДЕАЛНАТА ВОЗРАСНА РАЗЛИКА ВО ВРСКА

Се испоставува дека возраста не е само цифра.

Велат дека возраста не е ништо освен цифра доколку навистина се сакате, но дали одредени возрасни разлики – или недостигот на разлика – е поверојатно дека ќе се завршат со солзи? Според истражување направено од Емори универзитетот во Атланта, САД, постои деална разлика што може да ги зголеми шансите за долготрајна врска.

Студијата посматрала 3.000 луѓе и открива дека што поголема е разликата во години толку поголем е ризикот за раскинување на врската.  Ова се само трендови, но резултатите може да се базрираат на различни цели и интереси на партнерите во различни фази од нивните животи.

Истражувачите откриваат дека двојки со пет-годишна разлика помеѓу нив е 18% поверојатно дека ќе се разделат отколку двојка со иста возраст, а таа веројатност се зголемува на 39% за десет-годишна разлика. За двојки со дваесет-годишна разлика статистиката не ветува многу, со пораст на шансите дека ќе се разделат на 95%.

Што се однесува до идеалната возрасна разлика, истражувачите веруваат дека тоа е едногодишна разлика, со шанси за развод помали од 3%.

Но, секако, ова е само статистика  и покрај тоа што истражувачите можеби откриле правило, секоја двојка е различна и други фактори – како деца, однесување и едноставна компатибилност – исто така можат да влијаат на резултатите.

Како што вели Хуго Миалон, еден од истражувачите зад студијата, „можеби се работи само за тоа дека типот на двојки со тие карактеристики се двојки кои просечно е поверојатно дека ќе се разведат за други прчини.“

Прегледи:
435
Објавено на:
17.09.2016