Категории

Ова е идеалниот подарок за денот на жената, 8-ми март

Пролетта се наближува, а со неа и потоплите сончеви денови. Покрај промената на гардеробата и обувките, очилата се неопходна потреба во деновите кои доаѓаат како најдобра заштита на очите од сончевите зраци, но и поради нивната моќ да го комплетираат стајлингот на секоја софистицирана дама.

Кога станува збор за заштита на очите, покрај очилата за сонце, од исклучителна важност е и правилниот избор на диоптерски очила доколу има потреба од тоа.

За меѓународниот ден на жената, за дамите со изграден стил кои знаат да препознаат квалитет и да направат вистински избор, лидерот во оптиката, „Диоптра“ приготвува вистинско изненадување. Имено, за 8-ми март, идеалниот подарок за секоја жена се наоѓа на продажните места на „Диоптра“ во ГТЦ приземје, ТЦ Лептокарија и Струмица (стара чаршија).

Тука имате ексклузивна можност да ги подарите омилените очила на вашата поубава половина со специјално намалување од – 20% на новата и – 50% на старата колекција. Покрај оваа неодолива понуда, во најновиот луксузен објект – „Dioptra Couture“ на плоштад Македонија во склоп на хотел Мериот, каде што се застапени сите најпознати светски брендови, за овој ден посакуваните очила ќе ги добиете со намалување од -20% на новата колекција и -30% на старата.

За сите оние пак кои преферираат комбинација со кристали, идеален избор се диоптриски или сончеви очила од брендот Swarovski кои за денот на жената следуваат со подарок обетки, а можете да ги најдете во сите оптики на „Диоптра“.

Диоптра“ е препознатлив бренд кој во континуитет се докажува и расте на нашиот пазар поради својот квалитет и иновативност. Денес очилата на „Диоптра“ можете да ги најдете на дури пет локации во Скопје и една во Струмица. Покрај најголемиот избор на диоптерски и очила за сонце, „Dioptra Couture“ располага и со јапонски софтвер на ID оптички леќи (Hoya Eye Genius) кој е застапен за прв пат во Македонија.

Искористете ја оваа неповторлива можност за денот на жената и подарете и ги омилените очила на својата понежна половина кои ќе бидат секојдневен потсетник на вашата љубов и внимание кон неа.

Прегледи:
857
Објавено на:
06.03.2018