Категории

Ова е најбогатата земја во Европа, а нема аеродром, ниту железничка станица!

Иако е најбогата земја во Европа, Лихтенштајн нема аеродром и железничка станица, а последното убиство се случило далечната 1997. година.

Оваа држава не излегува на море, една е од најмалите земји во светот и има помалку од 40.000 жители, од кои третина се странци. Иако не е земја членка на Европската Унија, дел е од Европската зона за слободна трговија (EFTA), шенгенски простор и Европскиот економски простор. Како е можно?

Имено, по Првата светска војна Лихтенштајн се нашол на раб на банкрот, па поради тоа одлучиле да ги намалат даноците. Па така, во 1959-тата највисокиот данок бил 1,4 посто, што привлекло странски корпорации да ги отворат своите седишта токму во Лихтенштајн.

Така веќе од 70-тите години на минатиот век, економијата во оваа земја процветала, а денес Лихтенштајн е земја со напредната, високо индустријализирана економија отворена за претприемачи со развиени финансиски сектори.