Категории

Ова е најбогатиот пар во светот: Еве што поседуваат и како живеат

Таа пишува романи, тој е најбогатиот човек во светот, но сите велат дека одлично се надополнуваат. Според Блумберг, богатството на Безос денес изнесува 104 милијарди долари – што го става на врвот на листата на најбогати луѓе во светот. 

Безос за својата сопруга која воедно е и негова најголема поддршка вели: „Сметам дека мојата сопруга е снаодлива, паметна и убава, но имав среќа што ја погледнав нејзината биографија уште пред да ја запознаам, па точно знаев кои се нејзините предности“. Откако ја добила работата станале соседи според локацијата на канцелариите. „По цели денови го слушав неговото неверојтно смеење“, вели Мекензи. „Како да не се заљубите во таа насмевка“? Таа го направила првиот потег и го поканила на ручек, а по три месеци веќе се вериле, додека по шест месеци се венчале.

Откако го основале Амазон, до 1999 година парот живеел во мала изнајмена куќа во Сиетл. Денес поседуваат пет куќи низ САД, а Џеф е дваесет и петтиот најголем земјопоседник во САД.

Но, до 2013 година, Мекензи и понатаму ги возела нивните четири деца до училиште во својата Хонда, а потоа го оставала Џеф на работа. Нивните пријатели велат дека тие се многу нормални, блиску поврзано семејство. Извршниот директор на Амазон вели дека денот му завршува со обврската која неговата жена особено ја цени: миење садови. „Прилично сум уверен дека тоа најсекси обврска“ изјавил Џеф.