Научниците претпоставуаат дека зборувањето во сон се одвива во текот на РЕМ фазата на спиење кога шансите за интензивни и емоционални соништа се поголеми. Во тие соништа може да се одвиваат заканувачки ситуации…
Повеќето зборови кои се изговараат во текот на сонот се негативни, па дури и прилично вулгарни, покажало одредено истражување. Поради големата веројатност сонот да содржи заканувачки ситуации, збор кој најчесто го изговараме додека спиеме е зборот „Не“. Тоа што е интересно е дека повеќето разговори во сонот се граматички исправни, дури и кога зборовите се потенцирани со многу пцовки.
Што се случува со нашето тело додека спиеме?
Мускулите се парализирани – во најдлабоката фаза на сонот, мускулите се парализираат и привременото движење е невозможно. Постои пореметување во спиењето кога таа фаза на парализа се задржува по будењето, неколку секунди па дури и неколку часови. Ова застрашувачко чувство знаат да го доживеат луѓето кои имаат нарколепсија – отвораат очи и не можат да се поместат.