Категории

Oва е најчудниот питбул во светот

Расата питбул е создадена со вкрстување на булдог и териер, за да се искомбинира снаодливоста и брзината од териерите со силата од булдозите. 

За жал, оваа раса на кучиња често има лоша репутација, најверојатно поради нивната историја на боречки кучиња кои се агресивни.

Лила е слатко куче со навистина необично однесување. Со оглед на тоа дека нејзиниот сопственик ја има воспитано со многу љубов, таа воопшто не наликува на агресивно куче.

Напротив, Лила е многу мило куче, полно со љубов и разбирање. Понекогаш дури изгледа и чудно. На пример, таа не може да спие доколку не и е покриена главата или пак да заспие легната на грб со нозете кренати нагоре.

 

Прегледи:
507
Објавено на:
05.03.2018